Челси и Борусија Дортмунд се договорија, Гитенс оди во Лондон за 65 милиони евра

Се чини дека е пред крај „сагата“ околу крилниот играч на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс. Двете страни се договорија за сума од 65 мииони евра. Преговорите беа во САД, каде двата тима учествуваат на Светското клупско првенство.

И покрај интересот од Баерн Минхен, сепак, Челси успеа да ги добие услугите на младиот играч, кој ќе потпише седумгодишен договор со „сините“.

Крилото на младата репрезентација на Англија се враќа во Англија после пет години, откако во 2020 од Манчестер Сити се пресели во Германија. Имаше импресивни партии во дресот на „милионерите“ што беше доволна причина Челси да влезе во преговори, и на крајот да го добие потписот.

Се вчитува...