Играчот од средниот ред Карни Чуквуемека, кој играше за Борусија Дортмунд минатата сезона како позајмен од Челси, би можел да остане во таборот на „милионерите“ со перманентен договор.
Во моментов англискиот и германскиот тим водат преговори за негов ангажман. И додека „милионерите“ инсистираат на нова позајмица, „сините“ сакаат перманентна продажба, за да соберат пари за Чави Симонс, кој е пред трансфер во Лондон.
Во прилог за Борусија оди фактот што Чуквуемека нема да остане во Челси, со оглед дека нема да добива минутажа со оглед на големата конкуренција, па може да го добие за помала сума на пари.
„Милионерите“ се надеваат дека ќе го завршат договор за околу 12 милиони евра. Тој дојде во Челси од Астон Вила во 2022 година за 18 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

