Челси и Интер ја оправдаа фаворитската улога и на реванш дуелите во Лигата на Европа, рутински стигнувајќи до победи на домашен терен за печат на пласманот во осминафиналето.
Сари одмори неколку првотимци за финалето од лига-купот со Манчестер Сити, но „сините“ и со комбиниран тим рутински се справија со Малме, славејќи на „Стемфорд бриџ“ со 3-0 со погодоците на Жиру, Баркли и Хадсон Одои, сите во второто полувреме.
Интер беше уште поубедлив, славејќи со 4-0 над Рапид Виена. Мауро Икарди го гледаше мечот од трибините на „Џузепе Меаца“, а меѓу стрелците за „нероаѕурите“ се запишаа Весино, Ранокија, Перишиќ и Политано.
Баер Леверкузен е елиминиран од Лигата на Европа откако „фармацевтите“ и на домашен терен не успеаја да го совладаат Краснодар. По оние 0-0 во Русија, вечерашниот резултат беше 1-1, откако Сулејманов со гол од слободен удар донесе водство на гостите во 84. минута, а Баер до крајот успеа само да го израмни резултатот преку Арангуиз.
Резултати Лига Европа:
БЕНФИКА – Галатасарај 0-0, Генк – СЛАВИЈА ПРАГА 1-4, Бетис – РЕН 1-2, ЧЕЛСИ – Малме 3-0, ИНТЕР – Рапид 4-0, ДИНАМО КИЕВ – Олимпијакос 1-0, Баер Л. – КРАСНОДАР 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА