Челси и Јувентус во последни преговори за трансфер на Де Лихт на „Стенфорд Бриџ“

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лихт е примарна трансфер цел на „сините“ од Лондон, кои ова лето останаа без Кристенсен и Рудигер.

Првата понуда на Челси изнесува 40 милиони евра плус Тимо Вернер, пренесува „Скај Италија“. Јувентус се отворени за можноста да го добијат Вернер, но бараат додатни 60 милиони евра.

Де Лихт има откупна клаузула од 125 милиони евра, а Јувентус во овој момент го проценува дефанзивецот на 90 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...