Челси и Лестер во трка за Алекс Телјес

Англиските премиерлигаши Челси и Лестер се во трка за потписот на левиот бек на Порто, Алекс Телјес. Тој беше во плановите на клубот од „Стемфорд бриџ“ и минатото лето, но забраната за трансфери сепак го одолжи неговото евентуелно доаѓање во Лондон. Франк Лампард е подготвен да плати 40 милиони евра по завршувањето на сезоната и да го доведе во Челси како замена за Маркос Алонсо кој планира трансфер во Интер.

Лестер исто така е подготвен да наддава за Алекс Телјес. „Лисиците“ го планираат Бразилецот како наследник на Бен Чилвел.

Алекс Телјес беше дел од Интер во Серија А, има искуство и од турското првенство каде го носеше дресот на Галатасарај, а последните четири сезони е еден од најдобрите играчи на Порто.

Се вчитува...