Челси и Ливерпул одиграа пеколно полувреме за реми на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)

Челси и Ливерпул одиграа пеколно прво полувреме во дербито на 21. коло во Премиерлигата за реми (2-2) на „Стемфорд бриџ“.

Ливерпул имаше извонреден старт со предност од 0-2. Мане прв донесе предност уште во 9. минута, а потоа Салах во 26. минута зголеми на 0-2.

Но, Челси со погодоците на Ковачиќ во 42. минута и Пулишиќ во првата минута од судиското продолжение дојде до 2-2.

По ова реми, Челси ја задржа предноста од еден бод пред Ливерпул на првенствената табела.

Се вчитува...