Изјавата агентот на легендарниот тренер Јирген Клоп предизвика лавина на рекации во светот на фудбалот. Имено, Марк Косике во интервју ексклузивно откри дека Челси и Манчестер Јунајтед се распрашувале за негов ангажман.
Со заминувањето од Ливерпул Клоп јасно стави дознаење дека нема да биде дел од некој друг премиерлигаш. Но, и покрај ставот на Германецот, Челси и Манчестер Јунајтед се распрашале за негов ангажман.
Оваа изјава во Англија е протумачена како дополнителен притисок на Ливерпул кој по освоената титула не ја преслика врвната форма. Покрај тоа овие два клубови во моментот се едни од ривалите за висок пласман во сезоната.
Сепак за англиските медиуми Челси и Манчестер Јунајтед ги одбија гласините велејќи дека станува збор за лажни вести.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

