Челси и Манчестер Јунајтед го „крадат“ Кавани пред носот на Атлетико Мадрид

Англиските премиерлигаши Челси и Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го премислат Единсон Кавани и да го убедат наместо во Атлетико Мадрид, да се пресели во Премиер – лигата. Тој побара трансфер оваа зима од Пари Сен Жермен, но францускиот клуб нема да му дозволи да замине без планираната отштета од 20 милиони евра.

Атлетико Мадрид не е подготвен да плати повеќе од 15 милиони евра, со оглед дека неговиот договорот со клубот истекува на крајот од сезоната, а тука шансата ја гледаат Челси и Манчестер Јунајтед. На Франк Лампард му е потребен нов голгетер по најавите дека Оливие Жиру ќе замине во Интер, а Оле Гунар Солскјер гледа во Кавани одлична солуција по повредата на Маркус Рашфорд кој ќе паузира околу три месеци.

Се вчитува...