Челси и Манчестер Јунајтед ќе „војуваат“ за француски стопер

Премиерлигашите Челси и Манчестер Јунајтед оваа зима целат на засилување во одбраната, а двата славни клубови имаат иста трансфер цел, пренесуваат англиските медиуми. Станува збор за стоперот на Ница, Жан-Клер Тодибо.

Дваесетичетиригодишникот оваа сезона настапи на 14 натпревари за францускиот тим во домашното првенство и со добрите настапи го примами интересот на премиерлигашите кои се очекува да влезат во преговори за негов трансфер.

Тодибо од 2020 година беше дел од Барселона, но не успеа да се наметне во редовите на каталонците. По позајмиците во Шалке, Бенфика и Ница тој оствари трансфер во францускиот клуб вреден 8.5 милиони евра во 2021 година. Трансфермаркт сега го проценува на 35 милиони евра.

Се вчитува...