Челси и Манчестер Јунајтед во битка за ѕвездата на ПСВ (ВИДЕО)

Челси и Манчестер Јунајтед ова лето ќе водат битка за ангажман на Ибрахим Сангаре, пренесуваат англиските медиуми. Фудбалерот на ПСВ оваа сезона инспирираше со своите настапи, а и самиот сака преселба во Премиерлигата па останува да видиме кој клуб ќе биде поконкретен во преговорите.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска одигра 29 натпревари во холандското првенство, а настапи и на 15 натпревари во европските натпреварувања. Во квалификациите за Лигата на Шампионите одигра шест, четири во Лига Европа и пет во Конференциската лига.

Трансфермаркт го проценува 24-годишниот фудбалер од средниот ред на 16 милиони евра, но неговиот договор со ПСВ е со важност до 2025 година па поверојатно е оној кој ќе ја активира откупната клаузуа од 35 милиони евра да ја има неговата помош во новата сезона.

Се вчитува...