Челси и натаму во криза, само бод со Брајтон (ВИДЕО)

Челси и натаму е во криза и ја губи битката за титулата во Англија, откако вечерва на четвртиот натпревар по ред не победи во Премиер-лигата.

А, се добро почна за „сините“ од Лондон кои преку Зијеш во 28. минута поведоа. Вебстер во 60. минута успеа да израмни и да му донесе бод на Брајтон.

Челси во последните седум меча во Премиер-лигата има само една победа, и сега има 44 бодови, бод помалку од Ливерпул кој има и два меча помалку. Сити бега 12 бодови, и има натпревар помалку од лондонските „сини“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...