Челси и натаму во проблеми, одложен „кам-бекот“ на Рис Џејмс

Многумина сè уште веруваат дека кога и ако е постојано здрав, може да стане најдобриот десен бек на светот, но Рис Џејмс никако не може да остане здрав.

Иако Енцо Мареска најави враќање во септември, тој се уште не е подготвен и прашање е кога ќе биде.

Веќе е познато дека премногу често има проблеми со  повредите, минатата сезона поради повреда на грбот беше надвор од терените над 200 дена, односно пропушти 29 натпревари, во сезоната 2022/23 имаше дури шест различни повреди поради кои пропушти дури 25 натпревари. 

Тој веќе пропушти шест натпревари од почетокот на оваа сезона, а нема знаци дека наскоро ќе се врати. Енцо Мареска ќе продолжи да импровизира додека го чека. Мало Густо ја започна сезоната како десен бек, но се повреди, па таму играше Дисаси. 

Се вчитува...