Маурицио Покетино имаше една нецела година да покаже знаци за живот на Челси, од Аргентинецот не се очекуваа трофеи во првата сезона, но разочарувачките резултати од почеток па се досега придонесоа Американецот Тод Боели веќе сериозно да размислува за тренерска смена. Навивачите се видно незадоволни и гласно го критикуваат Боели, дел од нив бараат Мурињо да се врати на „Стемфорд бриџ“, но првиот човек на клубот има поинакви планови.
„Дејли Мејл“ во своето денешно издание најавува тренерска смена во Челси, и тоа најверојатно на крајот од сезонава. Газдата сепак не го сака Мурињо, туку наскоро ќе поќне преговори со двајца кандидати, и тоа Роберто де Зерби од Брајтон и Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.
Де Зерби ги доби симпатиите во Англија поради офанзивниот стил на игра на Брајтон, но проблем за Челси ќе претставува фактот што за овој стратег се интересира Барселона, но и Милан и Јувентус. Аморим со успех го води Спортинг Лисабон и не крие дека Премиер-лигата би му биле предизвик, но останува да се види дали Боели ќе успее да го убеди во сопствениот проект кој во моментов делува како да е светлосни години зад освојување на трофеј во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА