Несогласувањата меѓу Диего Коста и менаџерот Антонио Конте и неговото исфрлање од тимот за вчерашниот меч на Челси против Лестер, беа аларм за раководството на клубот веднаш да се вклучи во потрага по нов напаѓач, кој би пристигнал на „Стемфорд бриџ“ во летниот преоден рок. И решението е донесено, Челси ќе тргне по поливалентниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, кој оваа сезона не игра во најдобра форма во баварскиот клуб, но неговите квалитети секако се неспорни.
Според британскиот „Дејли Експрес“, Челси на лето ќе понуди 85 милиони евра за ангажман на германскиот репрезентативец. Дотогаш, газдата Роман Абрамович ќе се обиде да ги смири тензиите меѓу Антонио Конте и Диего Коста, а одлуката е клубот да не ја прифати богатата понуда од кинескиот Тианјин за шпанскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА