Челси им се врати на победите во Премиерлигата со триумф од 2-1 на „Стемфорд Бриџ“ против Њукасл Јунајтед, натпревар кој ќе ги чини „сините“ 75 илјади фунти, откриваат англиските медиуми.
Во триумфот над тимот од северот на Англија судијата додели шест жолти картони на момците во сино, а тоа е трет пат оваа сезона Челси на еден натпревар да добие шест жолти картони. Претходно таков беше случајот и на средбите со Борнмут и Нотинген Форест, што воедно и е испишана историја кога станува збор за овој факт.
За првиот ваков натпревар Челси беше казнет со 25 илјади фунти, за вториот 50 илјади фунти, а сега го очекува казна од 75 илјади фунти со што вкупната сума која овој клуб ќе ја плати за грубата игра ќе се искачи на 150 илјади фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА