Англискиот великан Челси работи на тоа во своите редови да ја доведе првата ѕвезда на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Откако испаднаа од трката по потписот на Ерлинг Халанд „сините“ од Лондон се насочија кон искусниот полски голгетер.
Тие до германскиот шампион ќе испратат понуда од 50 милиони евра како би се обиделе да ја испитаат ситуацијата. Дефинитивно Баерн Минхен нема да ја прифати оваа понуда од Челси, но преговорите се почнати па останува да видиме во која насока ќе продолжи целата сага околу Левандовски.
Левандовски претходно се поврзуваше и со Реал Мадрид, но како што вели тој се уште е играч на Баерн Минхен и не размислува во моментов на ништо друго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА