Челси изненади со името на новиот тренер?!

Челси шокираше со врачениот отказ на Енцо Мареска неколку месеци по освоената титула светски клупски шампион, но лондонскиот клуб ќе приреди уште поголемо изненадување со изборот на новиот тренер.

Иако беа споменувани позвучни тренерски имиња предводени од Чави, како главен фаворит сега се посочува на Лијам Росениор, 41-годишен англиски стратег кој како играч настапуваше три години за Фулам, а моментно е тренер на француски Стразбур. Американскиот конзорциум што раководи со Челси воедно е главен и во управата на Стразбур, а Тод Боели верува дека Росениор се покажал како одличен предводник во францускиот проект и подготвен е сега да му даде шанса и на „Стемфорд бриџ“.

Јавноста е изненадена од ваквите планови ако се знае дека на Мареска му беа доведени бројни засилувања за повеќе од 600 милиони фунти, а сега истите играчи ќе бидат на располагање на тренер без посериозно искуство за раководење на екипа преполна со „ѕвезди“.

Се вчитува...