Челси се пласираше во полуфиналето од ФА Купот откако го доби четвртфиналниот дуел против Лестер со 4-2 по голема драма на „Стемфорд Бриџ“.
Кукуреља во 13. минута донесе предност од 1-0 за Челси, а „сините“ можеа рано да стигнат и до предност од два гола, но Стерлинг во 26. минута изведе катастрофален обид од белата точка. Вториот гол сепак стигна пред самиот крај на првото полувреме. Во првата минута од судиското продолжние во листата на стрелци повторно се запиша Палмер за 2-0.
Челси имаше шанса да стигне и до предност од 3-0, но откако не ја искористи, следеше казна на спротивната страна. И тоа казна од сопствениот фудбалер Дисаси кој во 51. минута постигна комичен автогол и ги врати гостите во игра. Мавидиди во 62. минута изведе прекрасен удар кон голот по „еден на еден“ ситуација за 2-2.
Во 70. минута Дојл направи прекршок пред самиот шестнаестник за црвен картон, a предноста од еден играч на теренот Челси ја искористи во 92. минтуа кога на прекрасна асистенција на Палмер, Чиквуемека не ја пропушти шасната да ја затресе мрежата.
Победата ја завери Маудеке кој пред самата завршница кој по серија на дриблинзи погоди надвор од шестнаестникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА