Челси ја исполнува желбата на Росениор од 50 милиони евра

Лиам Росениор кој го превзема англискиот гигант Челси од Енцо Мареска на почетокот на 2026 година зимскиот преоден рок ќе го искористи за засилување на стоперската линија.

Англискиот стратег не може да смета на Леви Колвил кој е повреден, а Весли Фофана и понатаму има проблеми со континуитетот поради повреди па на „сините“ им е потребно стабилно решение.

Идеалното засилување е Џереми Жаке, 20-годишниот стопер на Рен за кој Челси е подготвен да плати 50 милиони евра.

Се вчитува...