Белгискиот репрезентативец Еден Азар одби да го продолжи договорот со Челси со што повторно се активирани шпекулациите за неговата преселба во Реал Мадрид кои траат веќе неколку месеци.
Многумина се сосема сигурни дека Белгиецот на крај ќе заврши меѓу „кралевите“, иако тешко дека тоа ќе се случи пред крајот на оваа сезона. И самиот 28-годишен фудбалер не крие дека негова желба е еден ден да заигра во кралскиот клуб, па се чини дека тоа по крајот на сезоната ќе се случи.
Англиските медиуми пренесуваат дека во Челси се свесни за целата ситуација. Знаат дека договорот со фудбалерот завршува во јуни 2020, па токму поради тоа ова лето 2019 им е последна шанса за добивање поголеми средства од продажба на Азар. „Сините“ веќе ја одредија и цената за Азар, порачувајќи му на Реал Мадрид дека ќе може да си оди само за сума од 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА