Антонио Рудигер од Челси се пресели во Реал Мадрид, а лондонските „сини“ се пуштија во потрага на нов стопер кој ќе го замени. Изборот паднал на Матијас Де Лихт од Јувентус, кој има договор со тимот од Торино уште две години, но доколпку стигне некоја добра понуда, тогаш торинскиот тим е подготвен да го продаде.
Јувентус го плати околу 70 милиони евра, а се шпекулира дека е подготвен да го продаде за 100 милиони евра. Така некогашниот добитник на наградата „Златно момче“ би можел да се пресели во Англија.
Челси после промената на газдата сериозно планира да се засилува, а прв пик е играчот на Барселона, Усман Дембеле. Во Лондон веќе е подготвен договорот за него на четири години, но и натаму нема конечен одговор затоа што има интерес и од ПСЖ и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА