Челси ја одреди цената за Лукаку, нова позајмица не доаѓа во предвид

Челси нема намера да го задржи Ромелу Лукаку во своите редови, но лондонскиот клуб исто така е дециден и дека нема да дозволи белгискиот репрезентативец поворно да си замине на позајмица како што тоа беше случај минатата сезона во Интер.

„Нероаѕурите“ испратија понуда од седум милиони евра за повторно да го позајмат белгискиот „џин“, но ставот на Челси е јасен – ако Лукаку си оди, тоа мора да биде со перманентен трансфер. „Сините“ воедно ја одредиле и цената што ја бараат – инсистирајќи на 40 милиони евра отштета за 30-годишниот голгетер.

Американскиот газда Тод Боели е свесен дека тоа ќе значи огромна загуба бидејќи Лукаку беше купен за повеќе од 100 милиони евра од неговиот претходник Роман Абрамович, но првиот човек на Челси сака што поскоро да стави крај на оваа епизода, особено откако и Маурицио Покетино ставил до знаење дека нема да смета сериозно на Ромелу во новата сезона.

Интер досега најавуваше дека е подготвен само за позајмица, па интересно ќе биде да се види дали „нероаѕурите“ ќе се вклучат во трката за целосно да го откупат Лукаку од Челси. Во меѓувреме, многу сериозни во својата намера се челниците на Милан, кои имаат буџет за засилувања по продажбата на Тонали во Њукасл, па можат да си дозволат 40 милиони евра за да годоведат Лукаку, кој дефинитивно ќе ја засили навалната линија на тимот по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ во пензија.

Се вчитува...