Сезоната за Челси не помина според очекувањата. Тимот бркаше пласман во Лигата на шампионите, на крајот нема да игра таму откако заврши како шестопласирана екипа на табелата.
Во последното коло, Челси славеше над Борнмут со 2-1. Со оглед дека натпреварот и немаше некоа големо резултатско значење, а позначајна беше битката за титулата и заминувањето на Клоп, во сенка остана голот на домашниот фудбалер, Моисес Каиседо.
Еквадорецот постигна прекрасен гол откако погоди од половина терен. При една исфрлена топка од голманот на противникот, Каиседо веднаш ја упати кон голот и погоди.
Голот на Каиседо погледнете го ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА