Стоперот на Рен и француската репрезентација до 21 година, Жереми Жаке, го привлече вниманието кон себе со своите игри од најголемите европски гиганти оваа есен.
Не е тајна ниту интересот на Челси. Лондонскиот клуб, според пишувањата, моментално води во трката со Ливерпул и со Баерн Минхен за неговите услуги.
Челси дури и ја зголемил првично понудената сума за Рен од 60 милиони евра. Сега тимот од Лондо е подготвен да понуди 75 милиони евра за 20-годишниот дефанзивец.
Францускиот репрезентативец се смета за еден од најталентираните дефанзивци на својата генерација. Рен го гледа како важен дел од тимот, и нема така лесно да се откаже. Неговиот договор е до 2029 година, но Челси е подготвен да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

