Раководството на Челси подготвува нов мега-договор за Еден Азар со 300.000 фунти неделна плата, а со тоа „сините“ ќе го направат Белгиецот најплатен фудбалер во Премиер-лигата. 26-годишното крило со потпишувањето на овој договор ќе си ја осигура иднината на „Стемфорд бриџ“, но пред се, Челси ќе го заштити нивниот најдобар поединец од интересот на Реал Мадрид и на ПСЖ.
Азар по продолжувањето на новата соработка ќе стане најплатен во Англија, пред фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој моментално заработува 290.000 фунти неделно.
Репрезентативецот на Белгија и сега е меѓу најплатените фудбалери во Англија. Новиот договор се најавува подолг период, се очекуваше да стави потпис по освојувањето на домашната титула минатата сезона, но Азар мораше да почека бидејќи цело лето се опоравуваше од операција на зглобот.
Kaко ќе изгледа листата на најплатени фудбалери откако Азар ќе го потпише новиот договор:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА