Челси ќе го врати Игуаин во Италија

Англискиот премиерлигаш Челси најверојатно нема да ја прифати опцијата за комплетно откупување на договорот на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин. Тој дојде како позајмен играч од Јувентус во вториот дел од сезоната, но не се снајде најдобро во Премиер – лигата. Иако менаџерот Маурицио Сари верува дека следната сезона Аргентинецот би бил многу подобар во реализацијата, сепак, големо прашање е дали и тој ќе остане на кормилото на Челси.

Клубот од „Стемфорд бриџ“ многу веројатно нема да ја продолжи соработката со напаѓачот и ќе го испрати назад во Јувентус. Игуаин на 23 натпревари во дресот на лондонскиот клуб постигна седум гола и забележа две асистенции.

 

Се вчитува...