Челси ќе ја плати цената за Родриго!?

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго е пред заминување од „Сантијаго Бернабе“ и преселба во Челси. Според информациите од Англија, лондонските „сини“ ќе тргнат по фудбалерот на „кралевите“ кои најверојатно ќе се разделат од својот играч.

Лондонскиот тим будно ја следи ситуацијата околу фудбалерот, и наводно Англичаните веќе контактирале со менаџерите на фудбалерот, за евентуален трансфер.

Сезонава Родриго постигна 13 голови и 10 асистенции во 50 натпревари за Реал Мадрид. Наводно самиот играч не бил задоволен од третманот во кралскиот клуб, а тоа ќе значи дека би можел летово да ја смени средината. Реал веројатно ќе се согласи на сума од 80 милиони евра отштета.

Се вчитува...