Челси ќе пазари од Барселона

Челси постигна вербален договор со Барселона за активирање на откупната клаузула од 5 милиони фунти во договорот на младиот шпански фудбалер Марк Гиу.

Челси е подготвен да закаже медицински прегледи во Лондон за 18-годишниот напаѓач, објави Би-Би-Си. Барселона наводно била подготвена да ја отстрани таа „скромна“ откупна клаузула од договорот нудејќи му на Гиу продолжување.

Сепак, по разговорите со претставниците на шпанскиот фудбалер, блиску до трансфер е Челси, кој ќе го засили нападот во следната сезона.Гиу помина низ познатата фудбалска академија на Барселона Ла Масија, а минатата година постигна гол по само 23 секунди на своето деби за Б тимот.

Како што пренесува Би-Би-Си, Гиу е типична и брза „деветка“, но со мало искуство, откако постигна само два гола во сениорска конкуренција.

Се вчитува...