И покрај тоа што во последните три преодни рока купи 27 играчи, Челси не планира да застане ниту во овој јануарски преоден рок. Но, засега тие нови играчи тешко се вклопуваат, а на „сините“ не му оди оваа сезона. Тимот е далеку од првите четири места кои носат место во ЛШ идната сезона.
Челси и натаму се мачи со формата, особено во нападот. Покетино летоска за 37 милиони евра го купи Николас Џексон од Виљареал, но тој постигна само осум гола во 23 меча, а Челси сега одново бара напаѓач.
„Дејли Мејл“ тврди дека Покетино сега го сака Ајван Тони од Брентфорд. Тони беше одличне минатата сезона, дојде и повикот во националниот тим, но потоа доби суспензија од осум месеци поради обложување на натпревари во Премиерлигата.
Суспензијата му истекува на 17. јануари, и ќе биде во опција за својот тим. Челси е заинтересиран, а Брентфорд бара 120 милиони евра. Но, во приказната се вклучил и Арсенал, па сега со бонуси лондонските „сини“ ќе платат 170 милиони евра да го доведат Тони во своите редови.
Брентфорд дојде до Тони во 2020 година откако го купи за 5,6 милиони од Питерборо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА