Челси го очекува ново бурно лето на трансфер маркетот со цел задоволување на потребите на Енцо Мареска. Покрај напаѓач клубот од „Стемофорд Бриџ“ е во потрага и по ново крило, а изборот паднал на Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд.
Станува збор за млад 20-годишен фудбалер кој е добро познат на „сините“ со оглед што во дел од младинската кариера настапуваше и за Челси пред преку Рединг и Манчестер Сити да заврши во Борусија Дортмунд каде и дебитираше како сениор.
Гитенс настапува за првиот тим на германскиот гигант од 2022 година, стекна богато искуство настапувајќи во една од најсилните фудбалски лиги во светот па Чесли е подготвен да издвои 60 милиони евра за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

