Рио Фердинанд жестоко го критикуваше Челзи за односот кон одредени играчи. Посебно кон Рахим Стерлинг, кој без објаснување беше изоставен од тимот за натпреварот против Манчестер Сити.
Стерлинг по натпреварот побара од раководството да му ја разјаснат иднината во клубот, бидејќи ова исфрлање од тимот, како што рече, „дошло директно од никаде“.
„ Ги гледам сите овие млади играчи, во тој состав, и кога зборуваме за Рахим, тој е тука со години. Кол Палмер, тука е Рис Џејмс… Тој се грижеше за многу од тие момци, тие секогаш доаѓаа кај него. Кога ќе отстраните таков играч во соблекувалната, многу од нив ќе „скокнат“ во одреден момент и нема да го сфатат добро, па тоа создава проблем во соблекувалната “, вели Рио.
„ Никој не појаснува што се случува, а според она што го слушам самиот Стерлинг не ја разбира позицијата на која се наоѓа. Никој од управата не дојде кај него и не му рече „слушај, ти си вишок, сакаме да се ослободиме од тебе. Слушнав и дека во последниот разговор му било кажано дека се е во ред и дека ќе бил информиран за се по е-пошта и слично, што е лудост“, рече легендарниот фудбалер на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА