Челси менува тренери и во женскиот тим

Една ера во женскиот фудбалски клуб Челси заврши на крајот од оваа сезона со заминувањето на Ема Хејс по 12 години, а наскоро ќе започне нова.

Нов менаџер на Челси е Соња Бомпастор. Бомпастор три сезони го водеше Олимпик Лион, со кој во последниот меч беше поразена во финалето на Лигата на шампионите од Барселона, а од 1. јули официјално ќе ги преземе обврските во Челси.

Таа потпиша договор со лондонскиот клуб на четири години.

„Спортските директори и јас внимателно ги разгледавме сите кандидати кои беа добри да ја заменат Ема Хејс. Визијата, тренерската филозофија и победничкиот менталитет на Соња ја прават совршен кандидат. Таа е тренер од светска класа, докажана успешна на најголемата сцена и знае како да командува со тим“, изјави генералниот директор на Челси, Пол Грин.

Се вчитува...