Заминувањето на Роберто де Зерби од клупата на Брајтон отвара можност за камбек на англискиот стратег Грем Потер на клупата на тимот од „Американ Експрес“ арената, пренесуваат англиските медиуми.
Потер важеше за чудотворец додека го предводеше овој Премиерлигаш, а добрите игри на неговиот тим му донесоа и место на „жешкото столче“ во Челси. Сепак на „Стемфорд Бриџ“ младиот стратег не доби доволно време да го покаже својот потенцијал па како најлош тренер во историјата на клубот кога станува збор за освоените бодови доби отказ и од април 2023 година нема нов ангажман.
Потер сепак не е првата желба на раководството на тимот и тој ќе биде контактиран само доколку пропаднат преговорите со тренерот на Ипсвич, Киран Мекена. Интересно, Мекена е и желба на раководството на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА