Челси може да продава билети за ФА куп и гостувањата во ЛШ

Конечно доаѓаат добри вести за актуелниот европски шампион Челси. Лондонскиот клуб ќе може да продаде одреден број на влезници и да добие 30 милиони фунти од спонзорите.

Правилата со кои владата на Велика Британија му даде на Челси лиценца како клубот би можел да продолжи да функционира по воведените санкции над Роман Абрамович малку се олеснети.

Со добивањето на 30 милиони од спонзорите тимот ќе ги реши проблемите со ливкидноста и ќе може да бидат подмирени обврските кои клубот ги има кон фудбалерите и вработените. Исто така клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе може да продава карти за полуфиналето во ФА купот и за гостувањето во Лигата на шампионите кај Реал Мадрид. Сепак, ова олеснување не важи за мечевите во Премиер-лигата.

Се вчитува...