Челси бара решение за проблемите во нападот, а се чини дека идеалниот голгетер го најде во Реал Марид. Тоа е младиот Бразилец Ендрик за кој клубот од „Стемфорд Бриџ“ нема да штеди пари ни на самиот трансфер, ни на богат и примамлив договор, но ништо не зависи од желбата на „сините“.
Според шпанските медиуми премиерлигашот испратил понуда од 70 милиони евра за ангажман на фудбалерот кој оваа сезона не бележи значајни првотимски минути која експресно била одбиена.
Договорот на Ендрик со Реал Мадрид е со важност до јули 2030 година, а ниту шпанскиот клуб, ниту бразилскиот фудбалер немаат намера да се раделат.
Енрик верува дека допрва доаѓа најдоброто од него во „белиот“ дрес па покрај пеколната конкуренција е подготвен да се бори за минутажа, а и Реал Мадрид е задоволен од тоа како се развива 18-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА