Челси му „краде“ на Ливерпул уште еден фудбалер

Челси се договори со раководството на Саутемптон за трансфер на Ромео Лавија. Двата клупа се договориле за отштета од 60 милиони фунти, плус бонуси. Исто така има договор како ќе биде плаќањето на отштетата.

До крајот на неделава 19-годишниот Белгиец треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише. Претходно ги договорил личните услоци.

Лавија дојде во Саутемптон од Манчестер Сити во 2022 година. За овој играч имаше интерес и од Ливерпул, а наводно двата клуба веќе имале договор, но Челси одново пред нос „му украде“ фудбалер, како што беше случајот со Моисес Каиседо од Брајтон.

Се вчитува...