Англискиот премиерлигаш Челси ќе му понуди нов договор на младиот фудбалер Калум Хадсон – Одои. Тој на натпреварот против Барнли од Премиер – лигата ја скина Ахиловата тетива и ќе паузира подолг период, но раководството на клубот одлучи да го задржи подолг период на „Стемфорд бриџ“.
Актуелниот договор на Хадсон – Одои со Челси истекува на крајот од следната сезона. Претходно се споменуваше дека можеби крилниот фудбалер ќе замине од Англија и кариерата ќе ја продолжи во Бундес-лигата, по стапките на Џејдон Санчо. За Хадсон – Одои е заинтересиран германскиот првак Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА