Со крајот на сезоната Челси остана без услугите на Тијаго Силва, преискусниот бразилски стопер кој се врати назад во татковината да ја заврши кариерата. Со тоа остана празно место во одбраната на „сините“ кое се очекува да биде пополнето со нов искусен фудбалер, Рафаел Варан.
Французинот кој зад своето име има четири шампионски титули во Лигата на Шампиони и самиот е слободен агент по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед. За него постои интерес од Саудиска Арабија, но според информациите на англиските медиуми барем засега 31-годишникот преферира да остане на „Островот“.
Варан кариерата ја започна во Ленс, а од 2011 до 2021 година беше дел од Реал Мадрид. Последните три сезони ги помина на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА