Челси на шопинг во Португалија, двајца нови фудбалери за 75 милиони евра

Челси ја продолжува традицијата на трошење огромни суми на фудбалери кои важат за таленти, но се без преголемо реноме во европскиот фудбал. Во тој правец, тимот од „Стемфорд бриџ“ синоќа официјализираше два трансфера, на младиот тандем од Спортинг Лисабон, Џовани Квенда – Дарио Есуго, кој за вкупна сума од 75 милиони евра ќе пристигне во Премиер-лигата.

Трансферот го потврди и португалскиот шампион, кој во изминатиот период преговараше со неколку клубови за овие двајца фудбалери, за на крајот да даде зелено светло Квенда и Есуго „во пакет“ да се преселат во Челси.

Клучно беше зеленото светло што Челси го даде за Квенда, 17-годишниот бисер на Спортинг, кој ќе остане уште една година на позајмица во Лисабон, по што во јули 2026 ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“. Есуго, кој е дефанзивец играч за врска моментно настапува на позајмица во Лас Палмас. Неговиот трансфер Спортинг го процени на 23 милиони евра и ќе биде комплетиран летово, па тој ќе може да дебитира за Челси веќе на клупскиот мундијал што ќе се одржи во САД.

Само за потсетување, Челси веќе договори трансфери на уште двајца 17-годишни фудбалери, Еквадорецот Кендри Паер и Бразилецот Естевао Вилијан, кои летово исто така ќе се преселат на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...