Англискиот премиерлигаш Челси сака да го испрати напаѓачот од Габон, Пјер Ерик Обамејанг во американската МЛС лига, пренесува добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Клубот од Лос Анџелес е заинтересиран да го доведе Обамејанг на позајмица и во целост да му ја исплати високата плата. Тоа му одговара на Челси, бидејќи ќе се ослободи од еден од многуте играчи што ги има на платниот список.
Се уште не е познато дали офанзивецот ќе биде подготвен да ја прифати таа промена. Во МЛС лигата преодниот рок ќе трае подолго, па затоа е една од ретките локации каде што може да оди фудбалер во овој период од годината.
Обамејанг не се снајде најдобро во Челзи. Тој летово пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Барселона за 12.000.000 евра, одигра 18 натпревари и постигна само три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

