Според новите правила во ЛШ, еден тим има право да направи една промена во составот во ЛШ, само доколку станува збор за тешка повреда, односно истиот играч нема да биде на располагање подолго време.
Тоа право го искористи тимот на Челси, кој во последен миг во вклучи новото засилување Факундо Буонаноте во составот за ЛШ, на местото на Дарио Есуго, кој ќе биде подложен на операција идната недела.
Есуго се повреди на нстапот на неговата репрезентација Португалија до 21 година, и кога се врати во Челси, прегледите покажаа дека мора да оди на операција.
Измените во правилникот беа донесени минатата недела, и Челси е тимот кој го искористи ова право, на основа на медицинските извештаи кои беа доставени до УЕФА, а европската куќа на фудбалот ги прифати, и му дозволи на лондонскиот тим да направи измена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

