Челси навива Потер да биде новиот селектор на Англија

Англиската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор откако по поразот во финалето на Евро 2024, Герет Саутгејт замина од „жешкото столче“. За наследници на Саутгејт се споменуваат Еди Хау, Маурисио Покетино, Ли Карсли и Грем Потер, а Челси „навива“ дека изборот ќе падне на овој последниот.

Причина за тоа е што Чесли се уште исплаќа огоромна сума од 240 илјади фунти неделно на својот поранешен тренер. Потер го предводеше Челси од септември 2022 година по отказот на Томас Тухел, но и самиот не се прослави на „Стемфорд Бриџ“. Ги предводеше „сините“ на 31 натпревар забележувајќи 12 победи, 11 порази и осум ремиња.

Тоа беше доволно за отказ по кој Челси продолжи да го плаќа тренерот поради раскинот на договорот. Клубот ќе продолжи да го плаќа Потер се додека не го исплати целиот договор или пак додека тој не најде нов ангажман.

Се вчитува...