Челси експресно ја наде замената за Томас Тухел на „жешкото столче“ на „Стемфорд Бриџ“. Изборот не беше голем, а падна на Грем Потер сегашниот тренер на Брајтон со кој се веќе договорени лични услови и се очекува официјано претставување во текот на денот по откупување на договорот од 18 милиони евра.
Четирисетиседумгодишниот Потер тренерската кариера ја започна во 2011 година во норвешкиот клуб Естерсунд, а во 2018 година се врати на „Островот“ каде го превзема Свонси. По една година помината во велшкиот состав се пресели во Брајтон каде со успех го предводеше англискиот клуб до деветтото место на табелата претходната сезона.
Интересот Потер нема никакво искуство во предводење на клуб со големи амбиции па ќе биде интересно да ја проследиме ерата на Англичанецот во клубот кој нема трпение за тренерите.
Chelsea will appoint Graham Potter as their new coach, per @FabrizioRomano 🔵 pic.twitter.com/wnpSsSu6NV
— B/R Football (@brfootball) September 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

