Челси не е задоволен од Санчо, или ќе го врати или ќе го продаде

Џејдон Санчо би можел на лето да се врати во таборот на Манчестер Јунајтед, откако во моментов игра како позајмен во Челси, кој што не е задоволен од неговиот учинок сезонава.

Челси го ангажираше поранешниот англиски репрезентативец, но не се снајде на „Стемфорд Бриџ“ па лесно може да се случи да му го врати на Јунајтед, Но, има еден проблем.

Во договорот за позајмица стои задолжителен откуп на „сините“ за 25 милиони евра. Првата варијанта е да платат пенали и да го вратат, а втората да го откупат, па веднаш да го продадат.

Санчо играше одлично во таборот на Борусија Дортмунд во два наврати во минатото, но во Премиерлигата не успева да се снајде.

Се вчитува...