Челси ќе се ослободи минимум од пет играчи во летниот преоден рок. Сопственикот Тод Боли се сретнал со челници на лигата во Саудиска Арабија, и разговарале за евентуални трансфери.
Челси има намера да ги продаде Кукуреља, Броја и Чалоба, кои сигурно ќе си заминат од „Стемфорд Бриџ“ поради слабата минутажа, а неизвесна е иднината и на Галагер.
Исто така од оние кои ќе си одат се и играчите кои се на позајмица Ромелу Лукаку и Кепа Аризабалага. Лукаку во моментов е на позајмица во Рома, додека Кепа е во Реал Мадрид. На двајцата Челси не смета, и тие ќе добијат дозвола да си заминат на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА