Челси го комплетираше списокот на играчи кои ќе настапат во Лигата на шампионите, а таму го нема Факундо Буонаноте, кој неодамна дојде од Брајтон во лондонските „сини“.
Буонаноте дојде како позајмен од Брајтон, која ќе ја чини лондонскиот тим 2,3 милиони евра. Ова е изненадување со оглед дека беше најавен како големо засилување.
Во составот е вклучен Естевао, како и сите други нови имиња кои пристигнаа на „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

