Челзи останува заинтересиран за потпишување на голманот на Милан, Микел Мењан, пренесува „Дејли експрес“. Англискиот клуб би можел да постигне прелиминарен договор во јануари 2026 година за трансферот на 30-годишниот Французин, но зделката би можела да биде завршена во летниот преоден рок следната година.
Оваа сезона, Мењан прими два гола на четири натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со „росонерите“ е до 30 јуни 2026 година.
Французинот беше многу блиску до Челси во текот на летниот преоден рок, но на крајот до договор не дојде, и тој остана во Милан. Челси во моментов го има Роберт Санчез кој е прв избор, меѓутоа „сините“ сакаат некој подобар голман, со цел да ги исполнат амбициите за освојување на титулата во Премиерлигата, и на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

