Челси не се откажува од ветеранот, му нуди нов договор на Тиаго Силва

Ветеранот Тиаго Силва ќе добие предлог за нов договор од Челзи, вели италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Се очекува дефанзивецот повторно да потпише до 2023 година. Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот од сезоната, но двете страни веќе се договорија за продолжување на соработката.

Тиаго Силва пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч од Пари Сен Жермен. Досега има 13 натпревари и 2 гола во Премиер лигата.

За потсетување, Челси во моментов е на 3-то место со 36 бодови. Пред „сините“ од Лондон се Манчестер Сити и Ливерпул.

Се вчитува...