Челси не застанува, следна цел е младиот фудбалер на Барселона

Очигледно е дека Челси нема намера да застане со купувањето на нови имиња, па така нивна следна цел е играчот на Барселона, Фермин Лопез. Лондонските „сини“ наводно веќе дале понуда од 50 милиони евра.

Од финансиска гледна точка, тоа е добра понуда од Барселона, но самиот играч пред неколку дена изјави дека сака да остане во клубот, а исто така и Ханс Флик најави дека би бил среќен ако Фермин продолжи да биде дел од неговиот тим.

22-годишниот шпански фудбалер беше стартер на првиот меч против Мајорка во новата сезона во Ла Лига, но беше заменет на полувремето. Потоа против Леванте беше оставен на клупата и не доби шанса.

Се вчитува...