„Сините“ не застануваат: Со 30 милиони тргнаа по крилниот играч на ПСВ

Тренерот на ПСВ, Руд Ван Нистелрој призна дека до неговиот клуб стигнала понуда од Челси за услугите на крилниот фудбалер Нони Мадуеке. Тој кажа дека се блиску до договор со лоднонските „сини“, пренесува „Дејли Мирор“.

Наводно Челси веќе испратил понуда од 30 милиони евра за Мадуеке, но истата била одбиена. ПСВ бара да се зголеми понудата барем за уште 10 милиони, што веројатно нема да биде проблем за „сините“ од Лондон, и тој би можел да биде следниот трансфер на Челси.

Челси нема намера да застане со трансферите, иако веќе потроши 455 милиони евра за нови играчи сезонава. Најново име е Михајло Мудрик од Шахтјор кој стигнува за сума од 108 милиони евра.

Дека Мадуеке е на излезна врата од ПСВ и на пат за Англија, говори податокот дека тимот од Ајндховен веќе тргна да бара негова замена.

Се вчитува...